Со измама ветувал документи за работа во Германија и завршил во притвор

148

Гостиварското Основно обвинителство почна постапка против едно лице, осомничено дека со измама на гостиварци им ветувало документи за работа во Германија.

На осомниченото лице за кривично дело „Измама“ од член 247 од Кривичниот законик, Основниот суд во Гостивар му определи притвор во траење од осум дена.

Обвинителството соопшти дека осомничениот, во текот на овој месец, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда едно оштетено лице, ветувајќи му дека за повеќе лица од Гостивар ќе му обезбеди документи од Министерството за труд и социјална политика со кои тие би можеле да добијат работни дозволи и легално да работат во градежна фирма во Германија. За услугата осомничениот од оштетениот наплатил сума од 7.700 евра, за што потпишал и изјава со обврските кои ќе ги исполни и со определен рок за реализација на договореното.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...