Со изгореници од втор степен се здобил старец при пожар во Кочани, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
– Вчера околу 19.00 часот било пријавено дека во Кочани на улицата „14 Бригада“ избувнал пожар во помошна просторија (шупа) од куќа сопственост на 67-годишниот Ж.Н. од Кочани. При обид за гасење на пожарот, тој се здобил со изгореници од втор степен и бил задржан во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош – велат од МВР.
Од страна на Територијална противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид на местото на настанот.