Со закон ќе се дефинира кои позиции се со политички именувања, а кои се стручни

391

Транспарентност при изборот и разрешувањето на раководителите на државните институции и точно дефинирање кои позиции се политички именувања, а кои се професионални, е целта на законот за висока раководна служба што го изготвува Министерството за информатичко општество и администрација.

Како што истакна денеска министерот Дамјан Манчевски, се прави голем исчекор кон професионализација и департизација на јавната администрација. Тоа е едно од клучните барања на граѓаните, но и на нашите партнери од ЕУ.

– Да бидеме искрени, притисокот и политизацијата на администрацијата може да дојде од раководниот кадар. Затоа овој закон би требало да го реши овој проблем. Ова е можеби еден од најважните чекори во процесот на професионализацијата на администрацијата, што е една од главните цели на процесот на реформа на јавната администрација. Тоа ќе се постигне преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и правична застапеност – потенцира Манчевски кој учествуваше на презентацијата на првиот Национален извештај од следењето на реформите на јавната администрација спроведен во рамки на проектот ВеБЕР.

Според него, ваков тип проекти и извештаи кои ги детектираат предностите и слабостите во процесот на реформа во јавната администрација, се од особена важност за да се добие јасна и објективна слика како се одвиваат процесите внатре, во институциите.

Истражувањето презентирано денеска покажа дека консултациите со граѓанските организации во однос на Стратегијата за РЈА 2018-2022 беа инклузивни и транспарентни. Во рамки на регионот, Македонија е меѓу земјите што покажуваат едни од најдобрите резултати – буџетите се лесно достапни и постојат полугодишни и квартални извештаи, граѓанскиот буџет како еден од најдобарите примери во регионот, а сите буџети се достапни во отворен формат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...