Сашо Мијалков утрово не беше спроведен во судот во закажаниот термин Во 10 часот за предметот „Титаник 2“, каде тој е еден од обвинетите. Причината е немањето доволно време да се издаде и спроведе наредбата за спроведување.
– Морам да се обратам до судијата кои го донел решението за притвор, тој да ми дозволи и потоа да се даде наредба за негово спроведување. По телефон ми рекоа дека ќе биде спроведен, но уште го нема – рече судијата Огнен Ставрев.
На ова реагираше обвинителката Фатиме Фетаи прашувајќи како е можно само за наредбите за Мијалков да не се спроведуваат.
– Предлагам да контактираат со директорот за да се видат причините зошто не се постапува по судска наредба. Како е можно само за Сашо Мијалков да не се постапи, сме имале слични ситуации кога се постапувало. Миле Јанакиески за еден ден го донесоа во судот – рече Фетаи.
По ова од судечкиот совет посочија дека телефонски ги известиле оти во 11 часот обвинетиот ќе биде донесен во судот.
Мијалков се наоѓа во притвор во затворот во Шуто Оризари за предметот „Империја“ на СЈО. Тој му беше опреден во саботата. Мијалков од претходно е во притвор, првично тој доби како обвинет за „Таргет-Тврдина“, но истиот притвор му го укинаа, па му определија нов за Империја
На денешното рочиште за „Титаник 2“ во судот се појавија и другите обвинети, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.