Со дијалог ќе се бара чаре за минарето на Али Пашината џамија во Охрид

609

Институциите ќе постапат согласно законите на Република Северна Македонија и преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се најдат решенија во интерес на граѓаните на Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид

Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за реконструкцијата на Али Пашината џамија, по средбата со в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски и в.д. директорката на НУ Завод и музеј, Охрид, Елеонора Новаковска со претставници и претседателот на граѓанското здружението „Совест“, Михаил Трендафилов.

– На средбата се разговараше за наследените проблеми за спорната градба без соодветна документација на дел од религиозен објект во центарот на градот и за изнаоѓање на решенија согласно закон, а се разговараше и за аспектите за заштита на културното наследство во градот Охрид кое е од заедничко значење за сите граѓани на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...