Со „Гугл мапс“ најдено тело исчезнато пред 22 години

323

Посмртни останки на маж кој исчезнал пред дваесет години на Флорида, биле пронајдени во потонат автомобил. Возилото е забележано со помош на интернет-програмата „Гугл мапс“.

Имено, Вилијам Молт (40) од Лантана на американската сојузна држава Флорида исчезнал 1997 година, кога по едно вечерно излегување не се вратил дома. По потрагата, тој не бил најден, па случајот бил ставен во мирување.

Дури 22 години потоа, на 28 август годинава, возилото и неговото тело биле пронајдени во рибник во градот Велингтон. Тоа прво на „Гугл мапс“ случајно го забележал поранешен жител во областа, па повикал полиција.

Шерифот на Округот Палм Бич изјави дека најверојатно Молт загубил контрола над возилото, но и дека не може со сигурност да се знае што точно се случило пред 22 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...