Со „голф 4“ во Тетово удрил во мотоцикл на кој биле татко и син, па избегал

77
Фото: МВР

„Голф 4“ управуван од непознато лице удрило во мотоцикл „боатиан“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.И.(53) од Тетово, на кој се превезувал и неговиот малолетен син. Сообраќајката се случила вчера во 12.15 часот на улицата 146 во Тетово. Возачот на голфот избегал, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– По незгодата двајцата се пренесени во Клиничката болница Тетово каде на
Х.И. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на малолетникот лесни повреди – велат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...