Со главата под капа, покриено лице и молба „Фатете ме за двете раце“, Јанева излезе од притвор

8428
FOTO Printskrin

„Фатете ме за двете раце“, им рече на полицајците поранешната специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која пред неполн час од притворот во Шутка, беше спроведена во домашен притвор, објави ТВ 21,

Со покриено лице и со капа на главата, таа ги одбегна новинарите и замина во станот на нејзиниот син во Центар, до Клубот на пратениците.

Јанева е осомничена во случајот „Рекет“, а, како што објавивме, денеска Апелација донесе одлука да и биде укинат притворот и заеменет со куќен притвор.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...