Познатиот француски магазин „Л’Екип“ на насловна страница стави фотографија од ватерполисти како се бакнуваат во базен. Со ова, магазинот сака да ја подигне свеста против хомофобијата во спортот.
Идејата дошла по приклучувањето на магазинот во кампања за борба против хомофобијата, од филмот Les Crevettes Pailletée”/Shiny Schrimps. Во филмот се следи спремањето на ватерполо екипа за Геј олимписки игри.
Според сценариото, Геј игрите се одржуваат во еден дел на Хрватска, а другиот дел е во Париз, каде во 2018 година овие игри навистина и се одржале.
– Бакни кого сакаш – е пораката на еден од најпрестижните магазини во Европа.
Машкиот бакнеж на насловната на „Л’Екип“ е претставен како еден од најхрабрите потези на големите спортски медиуми во Европа.
Le sport face à l’homophobie en une et tout au cœur d’un numéro spécial du magazine L’Équipe ce samedi https://t.co/AuxExFQnuc pic.twitter.com/vYL0mr99yO
— le magazine L’ÉQUIPE (@lemaglequipe) May 2, 2019
ФОТО: Принтскрин