И пратеникот Љубен Арнаудов излегува од куќен притвор откако Апелациониот суд му ја прифатил жалбата.
Според нашите информации гаранцијата која ја дал Арнаудов е во вредност од околу 300.000 евра.
Пред Арнаудов, одлука за излегување од куќен притвор имаше и за пратеникот Сашо Василевски чија гаранција во недвижен имот беше околу 400.000 евра.
Засега во куќен притвор останува само пратеникот Крсто Мукоски кој исто така поднел жалба до Апелација, но според нашите информации тој нема дадено гаранција.
Покрај тројцата споменати, на обвинителна клупа се уште двајца други пратеници од опозицијата, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, кои излегоа од куќен притвор и се со други мерки на претпазливост.