Со бугарски експерти и нови методи ќе се спасуваат предвремено родените бебиња

Министерот најави поддршка на работата на сите оддели за интензивна нега во Македонија, а следната недела, како што рече, ќе се склучи договор со Универзитетската болница од Бугарија, чии експерти ќе помогнат во надградување на експертизата на нашите лекари, вработени на интензивна нега на Клиниката за гинекологија.

262

Употребата на нови неинвазивни методи и лекови ја зголемува веројатноста за преживување на предвреме родените бебиња со мала родилна тежина, се скратува времето поминато на интензивна нега, се овозможува побрзо спојување со мајката, а се намалува и можноста за оштетување на нивниот слух и вид.

За ова сведочи и предвремено роденото бебе во 27 гестациска недела со родилна тежина под 500 грама, кое е прво во Македонија што преживеало, а денеска на Одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести го посети министерот за здравство Венко Филипче.

– Денеска го посетивме единственото бебе во Македонија кое преживеало, а е родено пред четири месеци со родилна тежина под 500 грама во 27 недела. Импелемтирани се сите најнови методи и опрема со поддршка од Министерството за здравство и нашите парнери – рече Филипче по посетата.

Тој додаде дека е употребена специјална форма на вентилација и вбризгување лек кој дава поддршка на белите дробови.

Според него, на овој Оддел годинава од вкупниот број новороденчиња кои се предвремено родени и третирани починало само едно новороденче со тешки малформации.

Министерот најави поддршка на работата на сите оддели за интензивна нега во Македонија, а следната недела, како што рече, ќе се склучи договор со Универзитетската болница од Бугарија, чии експерти ќе помогнат во надградување на експертизата на нашите лекари, вработени на интензивна нега на Клиниката за гинекологија. Тој рече и дека во следните две недели ќе се обезбеди и дополнителна опрема и за тој Оддел, со цел, да се подобрат резултатите во преживувањето на предвреме родените деца.

Докторката Аспазија Софијанова појасни дека се воведени нови помалку инвазивни методи со помалку агресија врз детето, што овозможуваат да се скрати неговиот престој на интензивна нега, а при тоа да му се нанесат последици, како проблеми со очите и слухот.

Според неа, претходно методите биле поинвазивни, бебињата подолго време биле на машина, на вештачки тип на одржување на живот, и оти новите методи овозможуваат побрзо и побезболно да се вратат во природниот тек кој им е неопходен и побрзо спојување со мајката.

– Ваквите деца се голем предизвик. Следиме дали ќе ја издржи целата процедура и без притоа да имаат последици, и тоа на секои три дена во првата недела. Кога во првиот месец ги прифаќа надворешните сега помалку агресивни методи сме среќни за да може побрзо да биде споено со мајката – рече Софијанова.

Кај второ предвреме новородено бебе, пак, првпат била направена неинвазивна апликација на лек кој ја зрее плуќата, без интубација и машина.

– Нежно и елегантно се влегува во дишните патишта без било каква траума. За само 10 дена дете од 800 грама, родено во 27 недела се ослободи од било каква поддршка на дишење – рече доктор Радица Муратовска Делимитова.

Примена на оваа метода, комбинирано со неинвазивната механичка вентилација, смета таа, заедно ќе даде многу голема можност за преживување на овие бебиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...