Без повредени лица поминал сообраќајниот инцидент утринава во тетовско Долно Палчиште, кога возило марка Бе-Ем-Ве излетало од патот, удрило и оштетило две бандери.
– Денеска во 7 часот и 20 минути во СВР Tетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Долно Палчиште, патничко моторно возило Бе-Ем-Ве со тетовски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Б.А. од тетовско Боговиње, изгубило контрола, излетало од коловоз и оштетило две дрвeни бандери, сопственостна ЕВН Македонија.Нема повредени од излетувањето, а увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Според статистиката на СВР Тетово, во текот на 2019 година една третина од сообраќајните несреќи на поширокото тетовско подрачје се случиле поради неприлагодена брзина, а регистрирани биле и 63 излетувања од коловоз.