Две деветгодишни деца се хоспитализирани во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје кога 31-годишен скопјанец удрил во нив со автомобил, соопшти МВР.
Едното дете е во критична состојба, а кај другото се констатирани телесни повреди. Несреќата се случила вчера околу 12.35 часот на улицата Алија Авдовиќ во Скопје.
Извршен бил увид на местото и се работи на целосно расчистување на случајот.