На улица „Кеј 9-ти Септември“ во Прилеп, 40 минути по полноќ Н.Б.(35) од Прилеп, управувајќи патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво, соопшти МВР.
Со тешки телесни повреди се здобиле две деца – сопатници на возраст од две и четири години и биле пренесени во Општата болница Прилеп каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа екипа од Полициската станица Прилеп.