Со авионско засејување на облаците против врнежите од град, не со ракети

Проценетата вредност за набавка на услугите е 900 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем

319

Владата денеска го донесе новиот текст на Уредбата за дополнување на Уредбата за доделување на техничката поддршка во земјоделството и руралниот развој, во која е додадена нова подмерка “Услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани врз земјоделски посеви “, информираа денеска од Владата. 

Со овој вид на заштита од природни климатски непогода како што е градот се постигнува најефикасен систем за превенција и неколкукратно поекономичен систем од старите ракетни системи.

Проценетата вредност за набавка на услугите е 900 милиони денари, што е неколкукратно поекономично од инвестициите во ракетен систем чија проценета вредност за инсталација и одржување е еднократна инвестиција од 1 милијарда и 200 милиони денари и дополнителни трошоци за одржување и набавка на материјали од 300 милиони денари на годишно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...