Сојуз со Федор пристигна на Меѓународната вселенска станица

158

Руското летало Сојуз МС-14 со хуманоидниот робот Федор денеска пристигна на Меѓународната вселенска станица.

Директорот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин изјави дека Федор ќе се врати на Земјата како што е планирано на 7 септември.

– Има доволно време за извршување на планираните тестови и за враќање на Земјата на 7 септември – наведе Рогозин.

Андроидниот робот Федор е произведен во соработка со „Андроид техник“ и руската Фондација за напредни истражувачки проекти со техничка поддршка на Министерството за вонредни ситуации на Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...