Социјалдемократите од Куманово го номинираа Оливер Спасовски за претседателски кандидат

328

Општинската организација на СДСМ Куманово доставила до централата кандидатура за Оливер Спасовски за претседател на државата.

„Општинската организација на СДСМ Куманово, како најголема општинска организација во партијата, а воедно и матична општинска организација на Оливер Спасовски, со одлука на извршниот одбор едногласно донесе одлука нашиот партиски другар Оливер Спасовски да биде единствен кандидат за претседател на Република Македонија на престојните претседателски избори. Со ова се надеваме дека ќе успееме да имаме претседател на држава од Куманово“ вели Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, пренесува Кумановоњуз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...