Социјалдемократите од Косово: 30 септември треба да е и контраодговор на шовинистичките елити

128

Социалдемократската партија од Косово во пресрет на референдумот ги поканува сите граѓани на Република Македонија, да учествуваат и да го одобрат Преспанскиот договор бидејќи, како што велат оттаму, неговото спроведување има посебна важност за неизбежната регионална соработка на еднакви услови и со принципи на добри соседски односи.

„Денот 30 септември треба да е еден сенароден контраогдовор и за шовинистичките елити во двете земји, кои ја злоупотребуваат веќе 30 години  прашањето на името за да ги скријат и легитимираат нивните исклучиви и дискриминирачки политики. На 30 септември треба да се покаже дека само прогресивниот пристап и прогресивните политики гарантираат мир и развој и еднакви услови за сите“ наведуваат од Социјалдемократската партија на Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...