Социјалдемократите во ЕП бараат екстрадиција на Груевски

493

Во извештајот на Европскиот парламент за Македонија, кој за шест дена ќе се најде пред европратениците е можно да влезе и бегството на екс премиерот Груевски и азилот кој Унгарија му го одобри, јавува Канал 5.

„Веруваме дека македонските законодавни процеси треба да продолжат во согласност со процедурите во земјата и Никола Груевски треба да одговара пред македонскиот судски ситем. Ја повикуваме Унгарија, како земја членка на ЕУ, да го почитува владеењето на правото, кое е фундаментален принцип на Европската унија, за земјите-членки и земјите кандидати еднакво, и да го екстрадираат  Никола Груевски во Скопје. Очекуваме сите засеганти страни да се однесуваат строго согласно релевантните национални и меѓународни закони, овие судски процеси не треба да се политизираат“, се наведува во едниот од двата амандмани на  социјалдемократите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...