Софија: Република Северна Македонија не треба да биде интерпретирано како основа за евентуална промена на границите

3583

Министерството за надворешни работи на Бугарија го поздрави постигнатиот договор меѓу владите на Македонија и на Грција за прашањето за името.

– Ова го отвора патот кон европската и евроатлантската интеграција на нашиот сосед. Ова е реална шанса на крајот од бугарското претседавање со Советот на Европската унија да има напредок и можност за започнување на пристапните преговори. Бугарија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име уште во јануари 1992 година и новото име Република Северна Македонија не треба да биде интерпретирано како основа за евентуална промена на постојните граници или претензии кон соседите, односно нивниот јазик, култура, историја и идентитет. Бугарија ќе инсистира двете соседни, партнерски и пријателски земји да дадат гаранции дека во договорот меѓу нив овие два принципа ќе бидат недвосмислено искажани и потврдени, се вели во соопштението од бугарското МНР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...