Софија Кенин е новата шампионка на Австралија Опен

314
FOTO Printskrin

Рангираната под бр. 14, американската тенисерка Софија Кенин е новата шампионка на Австралија Опен. 21-годишната Американка со потекло од Москва направи импресивен пресврт во финалето со Гарбине Мугуруза и ја совлада поискусната Шпанка со 4:6, 6:2, 6:2. Така, таа стана најмладиот шампион во Мелбурн од 2008 година.

Поранешната бр.1 во светот, Мугуруза стигна до финалето како непоразена, а меѓу нејзините „жртви“ на патот кон мечот за титулата беа Елина Свитолина, Кики Бертенс, Анастасија Павлученкова и Симона Халеп.

Кенин, од друга страна, се справи со 15-годишното дете-чудо, Кори Гоф и лидерката на ВТА листата, Ешли Барти за да се пласира во финалето, а денес се поздрави со уште поимпресивна и важна победа.

Ова беше втор натпревар помеѓу Мугуруза и Кенин, откако Американката ја совлада Шпанката по втор пат, откако го стори тоа во првото коло на турнирот во Пекинг во септември 2019 година.

ФОТО Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...