Поранешниот македонски премиер Никола Груевски не е бугарски граѓанин и нема бугарски пасош, соопштиле од Министерството за правда на Бугарија откако во медиумите се појавија шпекулации дека Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош, пишуваат бугарските медиуми.
– Проверете со бугарските власти – бил одговорот на член на унгарската влада кој има јурисдикција врз прашања поврзани со азилот на Груевски, кога новинарите на „Непшава“ го прашале како успеал поранешниот македонски премиер да стигне до центарот на Будимпешта без документи кои му се одземени од судот во Македонија.
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI