Софија Гоџа го освои спустот во Кран-Монтана

Во поредокот за малиот Кристален глобус во спуст, лидер е Никол Шмидхофер со 424 поени, пред Рамона Зибенхофер (Австрија) со 354 поени и Илка Штухец со 343 поени.

212

Олимписката шампионка од Пјонгчанг 2018, Софија Гоџа (Италија) го освои спустот за Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана.

Дваесет и шест-годишната Гоџа забележа време 1:29.77 минути и стигна до прв успех сезонава и шести во кариерата за Светскиот куп.

Италијанката, која го освои сребрениот медал во супер-џи на Светското првенство во Оре (Шведска) пред две недели, стигна до својот прв успех, откако во октомври минатата година заработи повреда на глуждот, пропушти доста трки и се врати на патеката во текот на минатиот месец.

Втора на 49 стотинки од секундата остана претставничката на домаќините Јоана Хелен, а трета со 52 стотинки заостаток се нареди Никол Шмидхофер (Австрија), која е на чело на табелата за малиот Кристален глобус во дисциплината.

Натпреварот започна со тешко паѓање на двократната светска шампионка во спуст, Илка Щухец од Словенија, која беше со прв стартен број. Таа беше однесена во хеликоптер во болница за испитувања.

Неколку пати трката беше запрена поради паѓања, а на почетокот имаше проблеми со системот за мерење на времињата.

Американката Микаела Шифрин, која не учествува во трките во Швајцарија, води убедливо во генералниотпласман за Светскиот куп со 1.794 поени, пред Петра Влхова со 1.075 поени и Венди Холденер (Швајцарија) со 783 поени.

Во поредокот за малиот Кристален глобус во спуст, лидер е Никол Шмидхофер со 424 поени, пред Рамона Зибенхофер (Австрија) со 354 поени и Илка Штухец со 343 поени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...