Популарната латино актерка, Софија Вергара, предизвика лавина негативни коментари на Инстаграм, по фотографијата која ја објавила на оваа социјална мрежа.
Имено, таа ја објавила фотографијата од луксузниот авион во кој друштво ѝ прават неколку пријателки и напишала: „Bye bye Dorian“ (Чао, чао Доријан), со што разбеснила бројни нејзини обожаватели.
„Ова е навистина безобзирно. А толку многу луѓе се грижат и се обидуваат да смислат начин како да ги спасат своите семејства“, е еден од коментарите.
„Не само што е лоша актерка, туку е и лош човек“, ја повикале Вергара.
„Драго ми е што си на сигурно, но што велиш за тоа да престанеш да го потенцираш тоа? Можеби би требало да имаш срце и да размислиш за тоа да помогнеш“, напишала една лута следбеничка.
Да потсетиме, најмалку 5 лица загинаа на островите Абако, на Бахамите, во удар од ураганот Доријан, кој моментално беснее на околу 170 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида, со удари од ветер од околу 205 километри на час.
FOTO: Printskrin/Instagram