Сотир Костов во „Само вистина“: Името не сме го добиле на референдум за така да го смениме (ВИДЕО)

2052

Заев и сите што сакаат да го сменат името ќе заминат на буништето на историјата, рече аналитичарот Сотир Костов во денешното издание на дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5. Според него, опозицијата нема да гласа за евентуална промена на уставното име и вели дека е против за името да се решава на референдум.

– За промена на името не треба да се решава на референдум, името не е добиено на референдум – рече Костов.

Неговиот соговорник денеска, адвокатот Есад Рахиќ, пак, вели дека е крајно време да се реши Гордиевиот јазол.

– Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик нема да исчезнат со ерга омнес. Но одете во помалите места, празни се, пусти се. Или ќе го решиме ние името, или името ќе нè реши нас – рече Рахиќ.

Костов и Рахиќ дебатираа и за политиките на владеење во изминатите години, за тоа што значи храброст во преговорите за името, за економијата, судството итн.

Погледнете ги најинтересните моменти од дебатата:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...