СОС Балканмедиа Охрид во нова донаторска мисија

109

СОС Балканмедиа Охрид, на Анастасија Илиевска од Охрид и донираше електричен скутер за лица со посебни потреби, во рамки на донаторска акција на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите.

„Како и во изминатите две години, СОС Балканмедиа  со помош на своите донатори, активно работи да овозможи полесен живот на лицата со посебни потреби. Со оваа донаторска акција, СОС Балканмедиа Охрид и овозможи на Анастасија Илиевска да ги задоволува своите основни животни потреби и непречено да се движи низ Охрид и пошироко“, соопшти здружението.

Вредноста на донацијата изнесува 9.000 евра, таа е обезбедена од страна на СОС Балканмедиа, која изразува посебна благодарност до фирмата „Руски транс“ ДОО Охрид и сопствениците Никола и Аце Јовановски. Посебна благодарност и до Зоран Денесовски, член на УО на СОС Балканмедиа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...