Состанок на мешовитата комисија за граничната линија со Албанија

66

Главната мешовита комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија одржа редовен состанок во Тирана, на кој било разговарано за замена на оштетените и поместени гранични ознаки и подобрување на видливоста на граничната линија.

Делегациите на двете земји, како што информираат од МНР, биле предводени од државниот секретар Виктор Димовски и генералниот секретар во албанското Министерство за надворешни работи Газменд Барбалуши.

Состанокот, што се одржа вчера во Тирана, како што информираат од МНР, се одвивал во конструктивна и пријателска атмосфера и двете делегации разговарале за активностите поврзани со замена на оштетените или поместените гранични ознаки на заедничката државна граница, односно поставување нови, за подобрување на видливоста на граничната линија и потребата од чистење на истата, за вршење геодетски премер и аерофотограметриско снимање, како и изработка на дигитални гранични карти.

Следниот состанок на главната мешовита македонско – албанска комисија за одржување, обновување и одбележување на граничната линија треба да биде одржан во Скопје во првата половина на 2020 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...