Состанокот на Путин и Ким траеше двојно повеќе од предвиденото време

142
ФОТО: EPA / ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KRE

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток бил темелен.

Како што нагласи Путин, со Ким разговарале за билатералните односи, актуелната состојба и перспективите на нивниот развој.

– Разговаравме за состојбата на Корејскиот Полуостров и разменивме мислења за мерките што треба да се преземат за да се подобри таа состојба – рече Путин.

Ким изјави дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин бил конструктивен и оти и натаму ќе продолжи така.

– Се надевам дека нашите преговори ќе продолжат во иста насока, како плодни и конструктивни – нагласи Ким.

Средбата Ким-Путин траеше околу два часа, двојно повеќе од предвидените 50 минути.

Во тек е состанок на делегациите на двете држави, што се одржува во Сојузниот универзитет во Владивосток.

Ова е прва посета на Ким на Русија и негова прва средба со Путин.

ФОТО: EPA / ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KRE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...