На денешното рочиште за случајот „Тенк“ на СЈО во постапката против поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, беа сослушани шест сведоци на одбраната.
Меѓу сведоците беше Васе Доневски, екс директор на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) кој кажа дека тие имале три блиндирани „мерцедеси“ од кој еден се користел за премиерот, како и тоа дека усно сите му се жалеле за старите возила и барале подобри.
Другите сведоци, од одделот за обезбедување во МВР сведочеа во насока дека набавка на ново возило било неопходно.
Продолжението на судењето на Јанкулоска е закажано за 14 септември (петок).