Мирјана Јанковиќ (32) од Нови Сад е пронајдена мртва заедно со родителите Бранислав и Нада Пајиќ во семејната куќа во новосадската населба Телеп.
За ова монструозно злосторство е осомничен нејзиниот сопруг Горан Јанковиќ (37), по кого трага полицијата. Горан, инаку, имал забрана за приоѓање до 12 јуни, поради семејно насилство за кое Мирјана го пријавила на 11 мај.
„Се претпоставува дека прво го убил дедото. Потоа, на Мирјана ѝ ја смачкал главата, а на крај ѝ пресудил и на бабата. Крв било насекаде, а најужасно било што децата биле присутни. Кога влегол во куќата вујкото кој пристигнал за само неколку минути, едното дете било во креветот со мајката, а другото со бабата “, пишуваат српските медиуми.
Пријателите на убиеното семејство рекле дека Мирјана и Горан неколкупати се разделувале и смирувале, бидејќи тој бил насилен.
Полицијата ги блокирала сите излези од Нови Сад во потрага по осомничениот монструм. Патролите ги запирале и претресувале речиси сите автомобили. Градот го надлетувале и хеликоптери, а во потрагата за Јанковиќ се вклучила и војската.
Сосетката ги открива последните зборови кои ги слушнала од куќата каде се случило тројното убиство, открива српски „Курир“.
Првата сосетка на Бранислава и Нада Пајиќ, кои зетот Горан Јанковиќ брутално ги убил, а потоа и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ, ги открива последните зборови кои ги слушнала од куќата на стравот во Нови Сад, пишува „Курир.рс“.
Таа слушнала врескање и го отворила прозорецот, а потоа ја здогледала Нада Пајиќ која извикала: „Зете, дали си задоволен сега?“. Сосетката, која инаку оди со помош на штаки, веднаш му рекла на својот син да истрча кај нив, но веќе било доцна.
Набргу потоа, Горан ја убил и сопругата Мирјана, додека нивните деца го гледале хоророт. Постариот син истрчал надвор и преку телефон го повикал вујкото за да му каже за масакрот
Полицијата веднаш дошла и затекнала страотна глетка, куќа полна со крв и три тела. Од куќата потоа ги изнеле мацолата или некоја тап предмет за кој се смета дека послужил како оружје.
Потрагата за Горан Јанковиќ, кој во моментот е единствениот осомничен за масакрот и понатаму трае.
ФОТО: Фејсбук/Принтскрин