Вчера околу 17 часот било пријавено силување на 71-годишна жена во Босна и Херцеговина.
Силувањето го пријавил синот на жената кој дошол во посета на мајка си од Бања Лука. Мајката му кажала на синот дека 37-годишниот сосед ја злоставувал и силувал.
– Извршен е увид, осомничениот е уапсен околу 20 часот. Според пријавата, немилиот настан се случил во близина на нејзината куќа кај ливада – било кажано.