Арета сепак оставила тестамент и тоа не еден, ами три

214

Три рачно напишани записи се пронајдени во домот на соул-дивата Арета Френклин, неколку месеци по нејзината смрт лани во август.

– Кога почина, нејзиното семејствто соопшти дека Арета не оставила никаков тестамент. Меѓутоа, овој месец беа најдени дури три – два се од 2010 година и биле заклучени во орманче, а еден од 2014, скриен под перница во дневната соба – изјави адвокатот Дејвид Бенет.

Тој нагласи дека делови од напишаното е тешко да се дешифрира, а некои зборови се пречкртани, па допишани по маргините.

Бенет, кој над 40 години бил адвокат на Арета Френклин, завчера ги предаде записите на судот и притоа изјави дека не е сигурен дали се во согласност со законите на американската сојузна држава Мичиген.

Судското рочиште е закажано за 12 јуни, а двајца од нејзините четири сина веќе ги оспоруваат тестаментите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...