Сопствениците сами ги уриваат терасите од кафулињата од „Ј’но“ до Канео

372

Градежните инспектори при општина Охрид заедно со екипите кои се ангажирани за спроведување на акцијата, пристапија кон отстранување на дивопоставените платформи од угостителските објекти, кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“. Дел од сопствениците на угостителските објекти кои претходно имаа добиено известувања за извршување, веќе имаа ангажирано сопствени екипи и веќе постапуваа во согласност со издадените решенија за отстранување на објектите, информира Општина Охрид.

– Во текот на денешниот ден и во текот на престојниот викенд, општинските инспектори ќе вршат контроли на активностите за отстранување на платформите. Доколку не се постапува согласно најавеното, општината ќе продолжи да ги извршува активностите за отстранување според предвидената динамика.

Општина Охрид го поздравува потегот на угостителите кои одлучија сами да ги отстранат дивопоставените платформи и уште еднаш потенцира дека е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и успешноста на целокупниот процес за исполнување на препораките, со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО, стои во соопштението.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...