Сопствениците на кучиња се посреќни и имуни на депресија

286

Сопствениците на кучиња се поотпорни на кардиоваскуларни заболувања, а поседувањето на  таков миленик е добро за здравјето и расположението, открива неодамнешно истражување спроведено во Шведска.

Во истражувањето учествувале речиси четири милиони лица на возраст меѓу 40 и 80 години. Претходните истражувања потврдија дека сопствениците на кучиња не страдаат од депресија и оти нивните пријатели на четири нозе им помагаат доколку одлучат да се изолираат од светот.

Сопствениците на кучиња подобро реагираат на стрес, имаат поголема физичка активност и значително помало ниво на холестерол во организмот.

Сепак важно е и која раса на куче ќе се одбере, а најмногу се препорачува златен ретривер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...