Сопственикот на „Фулам“ понуди 800 милиони фунти за „Вембли“

Доколку Кан стане сопственик, Вембли и понатаму ќе биде дом на репезентацијата на Англија, за натпреварите од финалето на ФА купот, плеј-оф за пласмани во повисок ранг на англискиот фудбал како и финалето на англиската рагби лига.

524

Сопственикот на лондонски Фулам, американскиот милијардер со пакистанско потекло, Шахид Кан му понуди на Фудбалскиот сојуз на Англија 800 милиони фунти (916 милиони евра) за купување на „Вембли“.

Најголемиот англиски стадион е дом на репрезентацијата на Англија и привремено на Тотенхем. Управниот одбор на ФА потврди дека ја добиле понудата.

ФА го изгради новиот Вембли со капацитет од 90.000 места врз стариот во 2007 година. За изградбата беа потрошени 757 милиони фунти.

Доколку Кан стане сопственик, Вембли и понатаму ќе биде дом на репезентацијата на Англија, за натпреварите од финалето на ФА купот, плеј-оф за пласмани во повисок ранг на англискиот фудбал како и финалето на англиската рагби лига. Сопственикот би ги добил спонзорските права.

Освен на Фулам, Кан е сопственик и на франшизата на Џексонвил Јагуарс (НФЛ). Неговото богатсгво се проценува на околу 5,5 милијарди фунти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...