Сопственикот на компанијата „Дурмо Турст“, Дурмиш Белуми, кој е обвинет во случајот за несреќата кај Ласкари, во понатамошниот судски процес ќе се брани од слобода.
Тој излезе на слобода со понудена гаранција.
Информацијата денеска беше соопштена на почетокот на судското рочиште за овој случај.
На денешното рочиште, кое е во тек, се сослушуваат вештаци.
Во автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава загинаа 16 патници, а 37 беа потешко повредени.
Во случајот обвинети се шест лица. Покрај сопственикот на „Дурмо турс“, на обвинителна клупа се и одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.
Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI