Сопруг спасил Хрватка од сигурна смрт во Шри Ланка (ВИДЕО)

694
Photo: EPA / M.A. PUSHPA KUMARA

За Велигден требаше да одам во црквата Св. Антонио во Коломбо, едно од местата каде што експлодираше бомба. На денот на експлозијата, заминав за Абу Даби со сопругот, кој е пилот.

Вака раскажала Хрватката Тања Иванчиќ, ден откако повеќето експлозии ја завија Шри Ланка во црно.

– За тоа што не бев таму, верувам, одлучи Бог – изјавила таа.

Минатата година со пријателка за Велигден била во хотелот Цинамон во Коломбо. Најверојатно, да не заминала за Абу Даби, таму би била и оваа година. И тој хотел го разнесе бомба.

Нејзиниот сопруг, Крунослав Иванчиќ е пилот во таа земја, a синот Иван живее во Шри Ланка со сопругата.

Photo: EPA / M.A. PUSHPA KUMARA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...