Во штипската Клиничка болница вчера медицинска сестра добила закани од сопруг на пациентка. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека случајот кај нив е пријавен од страна на болницата.
-Поради недоразбирање за закажан термин, сопруг на пациентката Е.М. се однесувал агресивно и упатувал закани кон медицинска сестра која била на работното место. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава – вели Панајотова.
Таа информира дека вчера на работно место бил пријавен и пекар кој се здобил со повреди на работа во Свети Николе.
Станува збор за 53 -годишниот М.Т, кој веднаш бил пренесен во штипската Клиничка болница, а увид во пекарата извршила екипа на Полициска станица од Свети Николе