Сопругот ја затворил на психијатрија, ја лекувал со електрошокови: 12 непознати работи за Џеки Кенеди ФОТО

Омилената прва дама на САД, Џеки Кенеди, поминала низ вистински пекол, но со најголема грациозност пред јавноста.

6924

Џеки Кенеди, омилената прва дама на САД. Поминала низ вистински пекол со најголема грациозност.

Ова се 12 помалку познати факти за Џеки Кенеди:

1. Пред Џон Ф. Кенеди, Џеки била свршена за друг маж кој го познавала само неколку месеци.

2. Нејзиното потекло било лажирано. Џеки била само една осмина Французинка, а нејзините претци всушност биле ирски селани кои се доселиле во Америка.

3. Кога Џон Ф. Кенеди ја запросил, Џеки одлучила прво да размисли. Отпатувала во Европа и се вратила по 30 дена, по што ја прифатила понудата за брак.

4. Џеки ја мразела својата венчаница. Иако била креирана по тогашната најнова мода, таа говорела дека фустанот ѝ ги нагласувал нејзините рамни гради и направил “сенка” од неа.

5. Џеки ја мразела целата венчавка – таа сакала да се венча во кругот на семејството, но на крајот била организирана голема свеченост која била отворена за јавноста.

6. Изгубила три деца. Пред да ја роди ќерката Каролин, Џеки имала спонтан абортус, а го изгубила и вториот син Патрик кој починал само два дена по раѓањето.

7. Добила милион долари за да ги отфрли документите за развод. Џеки патела поради изгубените деца, неверството од страна на сопругот и љубовта која избледела. Таткото на Џон Ф. Кенеди ѝ платил милион долари за таа да остане во брак со него бидејќи разводот би му наштетил на неговиот имиџ.

8. Обожавала топено сирење и газирани пијалаци. Тоа било нејзиниот таен грев и „порок“.

9. Третиот спрат од Белата куќа го претворила во училиште. За нејзините деца да не патат, таа им ги обезбедила најдобрите учители.

10. Џеки има добиено Еми награда. За време на нејзиното “владеење”, Белата куќа била реновирана, а за таа цел Џеки се појавила на телевизија и ги презентирала промените заедно со ТВ екипа. За таа епизода, добила Еми награда.

11. По убиството на сопругот, не го соблекла розовото одело кое било прекриено со крв. Сакала да им покаже на луѓето што му направиле на нејзиниот сопруг.

12. Била на терапија со електрошокови. Џеки страдала од ужасна депресија, а најголемиот напад го доживеала во 1975 година кога нејзиниот сопруг се вратил дома со љубовница. Џеки избегала од дома, а Џон повикал Итна помош. По ваквиот инцидент, била однесена на психијатрија каде една недела ја лекувале со електрошокови.

Image result for jackie kennedy

Image result for jackie kennedy

Image result for jackie kennedy

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...