Во Нови Сад утрово во стан биле пронајдени три мртви тела со рани на главата. Станува збор за мајка, татко и ќерка, а српските медиуми пренесуваат дека тројното убиство го извршил нивниот зет Горан на кого претходно му било изречена мерка забрана за приоѓање.
Во станот биле пронајдени телата на Бранислав Пајиќ (57), неговата сопруга Нада Пајиќ (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).
Според првичните информации, безживотните тела ги пронашол нивни роднина кој кога ја отворил вратата здогледал локви крв.
Осомничениот за убиство е во бегство.
Неофицијално, мотив за масакрот е љубомора, а Горан бил убеден дека Мирјана се гледа со друг човек. Мирјана пред само две недели го пријавила Горан за насилство во семејството и дека тогаш тој добил забрана за приоѓање до сопругата.
Брачната двојка имала два малолетни сина.