Обезглавеното тело на Сузана Карера било најдено во торба со порака во која се обвинува нејзиниот сопруг бидејќи не сакал да плати откуп.
Сузана била киднапирана пред куќата на својата пријателка во Мексико, кај која била за да ги земе децата.
Луѓето кои ја грабнуваат се гледаат на снимка од камера за видео надзор, а целиот настан трае неколку секунди.
По една недела, пронајден е остатокот од телото на несреќната жена.
Според локалните медиуми, таа е озбеглавена поради тоа што бараниот износ од 183.871 евра не е исплатен.
Сопругот на убиената потврдил на Фејсбук за настанот и се заблагодарил на поддршката за целата недела, додека таа била киднапирана.
– Ви благодарам на сите за молитвите и желбите мојата Сузана да се врати дома, за жал тоа нема да се случи. Таа е мртва – напишал тој.
Asi fue secuestrada Susana Carrera, empresaria de Coatzacoalcos que apreció decapitada, manaña mega marcha en Coatzacoalcos, exigen resultados a @CuitlahuacGJ y @lopezobrador_ #TUNDETECLAS pic.twitter.com/wQCEG1nbTT
— Manuel Hernández (@tundeteclas_) February 16, 2019
ФОТО: Принтскрин