Сопругот на Северина признал на суд дека оставил чуден пакет пред домот на Милан Поповиќ

Игор Којиќ во полицијата признал дека тој во мај пред вратата на поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, оставил црна свеќа.

872

Сопругот на хрватската пејачка Северина Којиќ, Игор Којиќ, во полицијата проговорил за случајот кој ги интригира Србија и Хрватска, пишува српски „Блиц“.

Игор Којиќ во полицијата признал дека тој во мај пред вратата на поранешниот партнер на Северина, Милан Поповиќ, оставил црна свеќа.

Да потсетиме, пред куќата на Милан Поповиќ во Загреб, на крајот на мај се паркирал автомобил марка „ауди“, кој се наоѓа во сопственост на Северина Којиќ, а од кој од сувозачкото место излегол Игор кој тогаш оставил мистериозна направа пред самата капија. Тој предмет е налик на црна свеќа, а на камерата се гледа дека е во прашање Игор Којиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...