Сопругот на Ники Минаж повторно зад решетки, му се заканува затвор до 10 години

Пети во Лос Анџелес се преселил минатиот јуни, уште пред да го изговори судбоносното „да“.

330

Сопругот на познатата пејачка Ники Минаж, Кенет Пети во средата бил однесен во притвор, а светските медиуми пишуваат дека сам ѝ се предал на полицијата, откако против него е поднесена тужба на државно ниво.

Инаку, Пети во Лос Анџелес се преселил минатиот јуни, уште пред да го изговори судбоносното „да“.

Имено, на 15 ноември полицаец го запрел и утврдил дека Пети веќе се води како сексуален престапник во државата Њујорк, но дека никогаш не е регистриран на тој начин во Калифорнија како што налага законот, иако во Калифорнија се преселил четири месеци порано.

Се чини дека и по тие опомени од полицарцот, Пети и натаму не се регистрирал, па сега полицијата одново го разгледува неговиот случај.

Кенет во 1995 година е осуден за обид за силување од прв степен. Поради злосторството, тој отслужи затворска казна од речиси четири години во Њујорк и потоа морал да биде регистриран како сексуален престапник, но Пети тоа не го направил и во Калифорнија.

Ако биде осуден по државната тужба која е отворена против него, Кенет може да добие и до 10 години затвор.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...