Сашо Миленковски, сопруг на актерката Билјана Беличанец Алексиќ синоќа во 22.30 часот во полициската станица Центар пријавил дека во неговиот стан на улица Истарска ја пронашол мртва неговата 45-годишна сопруга, која си го одзела животот со бесење, соопшти МВР.
Итната медицинска помош констатирала смрт, Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.
„Телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издаде и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место“, соопшто ЈО.
Беличанец беше родена на 25 јули 1973 година. Од 1997 година таа беше вработена во Драмскиот театар во Скопје.
таа одигра голем број улоги меѓу кои и Маргарет Флаерти („Заводникот од западниот свет“, 1997), Сузана („Свадбата на Фигаро“, 1998), Софија Јегоровна („Платонов“, 1999), Клариса де Бисоњози („Арлекин – слуга на двајца господари“, 1999), Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа („Кандид во земјата на чудата“, 2000), Ерика Брукнер („Мефисто“, 2000); Маре („Тетовирани души“, 2001).
Беше дел и ТВ-проектот „Здраво генијалци“ и натсинхронизираше гласови во турски серии.
Има добиено повеќе награди за актерските остварувања, меѓу кои и награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009), награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински”.
Беличанец имаше и четиригодишна политичка кариера, како градоначалничка на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.
Таа неодамна се омажи со режисерот Сашо Миленковски. Од првиот брак има две малолетни деца.