Сопругата на Меси го привлече вниманието со деколтето до папок ФОТО

Убавата Антонела облекла црн комбинезон и имала деколте до папокот, а фотографијата со семејството ја објавила на социјалните мрежи.

592

На доделувањето на овогодинашната Златна копачка Лео Меси (32) ги повел сопругата Антонела Рокузо (31) и синовите, Матео (4) и Тијаго (6). Момчињата биле воодушевени од манифестацијата, а Антонела многу добро се средила за настанот на кој нејзиниот сопруг ја освои Златната копачка.

Убавата Антонела облекла црн комбинезон и имала деколте до папокот, а фотографијата со семејството ја објавила на социјалните мрежи.

„ Ти честитам. Заслужуваш и повеќе од ова. Толку сум горда што ја освои шестата Златна копачка“, напишала Антонела упатено до својот сопруг на Инстаграм.

Навивачите му честитале на фудбалерот, но и го пофалиле изгледот на Антонела.

Двојката се запознала преку братучедот на Антонела, Лукас, кој бил најдобриот пријател на Меси во детството. Братучедите често си играле заедно, а понекогаш и Антонела им се придружувала. Тие ја криеле својата врска и никогаш не рекле кога ја започнале романсата, а јавноста дозна за нив во 2008 година.

Лео и Антонела се венчаа во јуни 2017 година во Аргентина и имаат три деца. Првиот син им се роди во 2012 година, а во 2015 година вториот син. Во февруари 2018 година, тие го дочекаа своето трето дете, повторно син.

FOTO: Printskrin/Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...