Сопругата му се пожалила од шефот, па отишол и го убил, трагедија во Србија

2195

Дваесет и деветгодишниот Јозо Калапиш од место покрај Зрењанин е уапсен поради сомнение дека го убил 86-годишниот Јанош Касаш. Наводно, до трагедијата дошло откако сопругата му кажала на Калапиш дека старецот ја допирал и ѝ досадувал, пренесуваат српските медиуми.

Несреќниот настан се случил на 15 јули, во семејната куќа на Касаш. Калапиш бил уапсен откако по жестока расправија земал маша и го удрил старецот по главата. Тој им подлегнал на повредите.

– Јанош беше домаќин, имаше имот и беше вреден. Беше и доста витален за своите години, добро се држеше. Иако можеше да ѝ биде дедо на сопругата на Јозо, тој кон неа подолго време беше безобразен. Таа работеше кај него и често му помагаше околу имотот, меѓутоа, тој тоа го злоупотребуваше. Ја штипкаше Ангелина, ја допираше по телото, ѝ зборуваше непригодни работи и константно ѝ нафрлуваше предлози да бидат интимни. Нејзе ѝ дојде преку глава, па му кажа на сопругот. Јозо и онака е малку незгоден, сака и да се напие, а тоа што му го кажа сопругата го зголеми неговиот бес. Долгата расправија се претворила во напад. Не е познато дали и Јанош се обидел да го нападне осомничениот – тврдел извор од истрагата за „Пинк“.

Мештаните кажале дека Јозо и неговата сопруга работеле сѐ и сешто по селото за да заработат за живот.

– Јозо, иако беше често агресивен и лесен на чашка, многу работеше и се бореше во животот. Јанош живееше сам бидејќи сопругата му почина неодамна, а ќерка му е во странство – рекол сосед на Јозо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...