Сообраќајот ќе биде пренасочен поради протест

512
20051230 Friday 0421 Soobrakaj Pesacki premin Pesaci zebra semafor rekord

Сообраќајот од 10 часот во централното подрачје на Скопје ќе биде пренасочен заради поставување бина пред Собранието на Република Македонија, а по повод одржување на протест организиран од група граѓани „Млади за Македонија“.

Според Министерството за внатрешни работи, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе изврши пренасочување на сообраќајот на следните улици и тоа: крстосница Даме Груев – Васил Главинов во правец кон „Црвен крст“ и обратно од крстосница „11 Октомври – Кочо Рацин“.

Воедно, МВР апелира до граѓаните да се воздражат од насилни акти за време на протетсите.

– МВР го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир, стои во соопштението

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...