Сообраќајот пред Владата е затворен поради вечерашниот митинг

Од 20 часот за сообраќај ќе се затвори и мостот „Гоце Делчев“, а од страна на сообраќајната полиција сообраќајот повремено ќе биде пренасочуван по околните улици во зависност од движењето на граѓаните.

143

Сообраќајот на булеварот Илинден пред Владата е затворен поради најавениот политички митинг од 20 часот, соопштија од МВР.

Од 20 часот за сообраќај ќе се затвори и мостот „Гоце Делчев“, а од страна на сообраќајната полиција сообраќајот повремено ќе биде пренасочуван по околните улици во зависност од движењето на граѓаните.

Од МВР информираат дека возилата на јавниот градски превоз ќе можат да се движат по улицата Димитрија Чуповски на „Рекорд“ во двете насоки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...