Сообраќајот околу Собрание ќе се пренасочува, бојкотирачите организираат собир

874

Во центарот на Скопје вечерва ќе се пренасочува сообраќајот бидејќи поддржувачите на бојкот за референдумот организираат собир на граѓани.

Од МВР информираат дека полицијата ќе изврши пренасочување на сообраќајот на улицата 11 октомври на потегот од крстосницата со улицата Даме Груев и крстосницата со булевар Кочо Рацин во двата правци.

„Министерството за внатрешни работи го почитува правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелира граѓаните да се воздржат од преземање на насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир. МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните“, апелираат од министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...