Сообраќајот на патот Маврово-Дебар, кој беше во прекин поради свлечиште, се одвива по една лента.
– Од 19.15 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски, се одвива наизменично по една коловозна лента – информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија. Поради ниските температури можна е појава на голомразица.